Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека централното градско подрачје на Куманово повторно светнува во новогодишно руво, по повод новогодишните празници.

Централното градско подрачје на Куманово повторно светна во новогодишно руво. Додека во минатото се ангажираа компании за украсување, по што истите си ги земаа назад украсите бидејќи се нивна соственост, годинава општината украсува со сопствени новогодишни украси, кои согласно плановите ќе можат да се  користат и наредните години. Монтирањето и демонтирањето, како и трошокот за осветлување ќе одат на сметката на компанијата партнер за јавно осветлување. Куманово во пресрет на новогодишните празници заслужува насмевки и радост од децата и возрасните“, потенцира Димитриевски.