– Ние сме соочени да се натпреваруваме со кој било останат кандидат од која било политичка партија или граѓанска опција, затоа што нудиме добри решенија за нашиот град, за нашите граѓани и повеќе од јасно е дека и анализите го потврдуваат тоа,потенцираше Димитриевски.

Тој изјави дека се залага за застапување на граѓанскиот концепт и пристап.

– Впрочем така и ја извршувам оваа одговорна функција градоначалник како градоначалник на сите граѓани на општина Куманово, притоа не делејќи ги на политичка, верска или било каква етничка припадност, бидејќи сепак градоначалничката позиција е да се биде градоначалник на сите. Целата оваа иницијатива дојде токму од граѓаните и
голем број на поддржувачи, членови и активисти и симпатизери коишто дојдоа и побараа од мене покрај внатрепартиската постапка да излезам со еден ваков концепт и да побарам граѓанска поддршка. Во секој момент сум отворен и верувам дека моето актуелно политичко раководство на партијата ќе изнајде начин и сили до последен момент да подржи една ваква кандидатура, рече Димитриевски.

Во дневникот на Сител, Димитриевски посочи дека во ниту еден момент не го свртил грбот на социјалдемократската идеа, а најмалку на членовите на Социјалдемократскиот сојуз.

– Но, за жал исто така нема да дозволам и да бидам составен дел на одредени политички интриги на поединци во склопот на мојот политички субјект коишто извршуваат одговорни и политички функции. Затоа ја послушав иницијативата на граѓаните и денеска се одлучив на ваков потег. Се заблагодарувам на сите кумановчани коишто денеска дадоа масовна поддршка на една ваква иницијатива бидејќи сепак тие заслужуваат почит и признание, додаде Димитриевски.