Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, синоќа се обрати пред граѓаните на Маршот што се одржа во Куманово. Во продолжение Ви го пренесуваме целосното негово обраќање:
-Е ова е и мое и твое и наше Куманово, ова се наши Кумановки и Кумановци! Викаат малку ќе сме биле. Колку сме, толку сме, какви сме, такви сме. Кумановци сме, наши сме, праведни сме и ќе победиме! Вели овој пат води од твоето небитие до тебе, пишува тука на овој споменик.
Но, тоа е спомнато во многу списи и записи. И таа една кратка реченица кажува многу за сите нас на Балканот, за сите нас Македонци, за сите нас Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Хрвати и сите заедници кои живеат
во овој наш космополитски град Куманово.
Велат не сме мислеле добро за народот, сме го бунтувале народот – дека биле Администратори, а не фашистистички окупатори. Бевме на референдум, а прашањето беше „Дали сте согласувате за додавка на името и за влез во Европска Унија и НАТО“ и потоа одеднаш оп заборавивме што го прашавме народот, ја сменивме плочата, изјави за БГНЕС, изјави за други медиуми, поделба на политички план, кризи, сиромаштија и нормално енормно богатење на поединци и капиталот го земаа поединци кои сакаат да го конторлираат граѓанинот. Но, тоа почитувани мои сограѓани не поминува!
Не поминува кај ниту еден граѓанин на оваа скромна, едноставна, но чесна држава Македонија, а уште помалку во Куманово!
Денеска се соочуваме со реалноста во Парламентот кадешто никој никого не почитува, кадешто Парламентот го спуштија на дното, каде што се на селфи слики се надмудруваат кој поголема глупост ќе каже. Па за тоа ли ве биравме?За тоа ли ви дадовме мандати? Кој ти дава за право да одлучуваш за тоа мојот и вашиот дедо бил, кој ти даде за право да го ставиш јазикот и писмото во Устав? Дали постои држава кадешто за тоа се разговара? Затоа сакам овде отворено пред сите вас од мое и од ваше име да поставам неколку отворени прашања.
Првото прашање, ќе го поставам до госпоѓата којашто дојде денеска од седиштето на Европска Унија да даде неколку совети и препораки во нашиот Парламент. Почитувана госпоѓа Урсула секој човек којшто е добронамерен и доаѓа во нашата држава е добро примен, ние сме докажани домаќини кон секого, особено према тие што доаѓаат од Европската Унија. Е ова е и моја Унија бидејќи ние овде на Балканот не само Македонците, сите на Балканот вклучувајќи ги и Албанците, Србите, Бугарите и останатите народи кои живеат на Балканот се чувствуваме Европејци бидејќи сме родени на Балканот на овие Европски простори.
-Но, почитувана никој не Ви Дозволува и не Ви дава право да отворите тема и да разговарате за името и идентитетот и да давате гаранции, бидејќи ние се бориме за вредностите на Европа, но за вредностите на Шуман, за Европа отворена за сите, Европа без уцени, наметнувања, притисоци, Европа без ултиматуми, без предлози.
Ние се бориме за обединета Европа, затоа што сметаме дека токму во таа Европа секој има свое индивидуално право да се произнесе како што се чувствува и го говори својот мајчин јазик којшто го има наследено од своите предци. Затоа, да упатам уште едно прашање до претседателот Макрон којшто за мене е голем европски лидер и целиот почит со него, но со што претседателе Макрон ние овде во Македонија заслуживме ваков третман, ваков едностран предлог?
Дали можеби тоа го заслуживме затоа што во првата светска војна овој народ, овие граѓани дадоа логистика на повеќе од 2 милиони војници, 1915, 16 и 17та. Колку војници продефилираа на нашите простори? Дали за тоа што бевме на страната на победничката коалиција, а до ден денеска вашите бомби стојат расеани по целиот долг на Солунскиот фронт, од Дојран до Охрид, па ден денеска ги наоѓаме и ги оставивте. Дали со тоа што Македонецот и сите народи кои живеат во Македонија застанаа на страната на тогашната ваша коалиција го заслужија овој предлог.
Во Македонија живеат граѓани кои се непокорни, затоа немојте да им чепкате по генот, никој тоа не ви го дозволува! Ние во Европа сме и ние во Европската Унија ќе влеземе со крената глава како Македонци кои говорат Македонски јазик, со сите останати народи кои живеат во Македонија, а примерот за соживотот го испраќа вечерва Куманово одовде и во многу прилики досега тоа е потврдено.
Ковачевски, излези и извади го протоколот пред граѓаните прочитај го, срамно е да добиеш предлог за којшто во преговарачки процес во билатерален проблем има две страни. Едната страна знае се, а другата – нашата страна знае само еден дел, па протоколот бил само записник, а заборавија дека записникот е првиот документ којшто се усвојува на првата следна седница и е составен дел од главниот документ.
Па, дали и во тој протокол којшто пред неколку дена беше објавен на бугарските медиуми, а вие до овој момент од власта никој почнувајќи од тебе Ковачевски, завршувајќи до Османи не го негиравте. Има ли некои обврски во тој протокол кој кадешто има обврска за другата, за страната на Бугарија? Или само тоа ние кога нашите деца ќе одат во септември во училиште претходно ќе ги испраќале на реевидирање коишто тие ги учат? Па постепено ќе дојдеме до ниво, на тоа нивното дека ние наводно сме потекнувале од бугарски народ! Абре Димче па не ли ти е јасно дека од Македонец Бугарин не бива! Овој другар ми претходно ги правеше администратори и наводно сме говореле исти јазици. Ајде го разбирам таму од Струмица е, ја утнал скроз, ама ти Димче Кумановец си, со нас израсна тука. 4 пати те барав да ти се јавам да ти објаснам некои работи пред да иизлезам јавно да ти кажам што дозволуваш со ова.
И ние ја сакаме Европа, и ние сме за Европа, и нашиот стратешки партнер се САД и целиот демократски свет, но ние имаме чест, образ, достоинство, тоа е што му останало на овој народ!
Ви благодарам на сите што вечерва излеговте, денеска не има толку, но утре ќе не има двојно повеќе, и на крајот ќе се соочат со народот. А, зошто? Затоа што ги носиме овие тука, 6 народни херои на Југославија, од НОБ, а овој град почитувани пратеници избрани од нашите гласови во овој град во Втората светска војна на 6 април првите жртви при нападот на фашистите беа од цела екс Југославија во Куманово, 13 души, Куманово беше прво бомбардирано, бомбите паднаа 200 метри тука подоле. Ова го кажуваат старите луѓе и го знаат, потврдено е со документи.
Овој слободарски град, ова црвено Куманово даде 828 жртви во Втората светска војна, над 600 Македонци, 100 Срби, над 60 Албанци, над 30 Турци, над 20 Роми, и сите останати кои живееа во овој град. Вие администратори срам да ви е?
Ќе сте дошле во Куманово да ги бришете спомен плочите од Бугарскиот фашистички окупатор. Па, како бе можеш да ја бришеш сопствената историја и крвта на нашите предци којашто е таму. Повелете дојдете во Куманово, ние ќе дојдеме да ве чекаме кога ќе дојдете да ги бришете.
Историјата нема право никој да ја брише, од историјата се учи, се носат заклучоци и се креира врз база на тоа подобра иднина. Ќе учиме од минатото, да ја креираме заедно иднината врз база на взаемно почитување. Јас ги почитувам сите граѓани на Република Бугарија. Цело Куманово ги почитува сите граѓани на Република Бугарија, но ние сме против агресорски и наметнувачки политики коишто доаѓаат од официјална Софија бидејќи недозволиво е еден министер во Влада, европратеник, премиер, заменици премиери, член на президиумот, претседател да ни го негираат јазикот и нацијата и за себе да зборуваат дека тие се Европејци. А, по што тоа ние сме различни? Од тука тргнало се, од нашиот Охрид, и од тука се раширило се, и тие сме ние Македонки и Македонци достоинствени до крај, ја испраќаме порака на победничко Куманово.“