Тој го честиташе денешниот ден на граѓаните и однапред на оној кој ќе ја добие граѓанската поддршка.
Во изјавата рече дека е важно да победи демократијата, граѓаните да бидат обединети и да имаат достоинствени претставници кои ќе се водат од народната волја.
– Најпрвин сакам да го честитам овој ден на сите. Македонскиот народ го повикувам да покаже капацитет како многу пати досега, масовно да излезе на избори, да избере претседател, да го дефинира идниот состав на парламентот. Воедно и сите граѓани на Македонија, посакувам успех однапред на тој којшто ќе ја добие граѓанската поддршка, а за Македонија, најбитно е сепак граѓаните по овие избори да бидат обединети и да имаат достоинствени претставници коишто ќе се водат од народната волја, а не од личен или партиски аспект. Очекувам денеска да победи демократијата, Македонија многу пати знаела во клучни моменти да одлучи – изјави Димитриевски.
Тој рече дека има мирен ден и дека тогаш, праксата покажува дека има големи изненадувања.
– Според она како оди гласањето денеска мислам дека имаме мирен ден, а кога имате мирен ден вообичаено праксата покажува дека има големи изненадувања. Очекувам граѓаните да изненадат денеска на избори – порача Димитриевски.