-На последниот конгрес имавме заклучок дека токму различноста во партијата ќе се негува, а видовме со пример како се негува денеска таа различност. Јас ќе направам се да ја променам суштински самата партија одвнaтре, заедно со членовите, бидејќи има голем број на членови коишто не се слагаат со ваквите политики на актуелното раководство или на поединци коишто го имаат узурпирано актуелното раководство, а на коишто претседателот Заев им прави во континуитет отстапки. На што се должи тоа, самиот ќе треба да објасни – кажа Димитриевски.
Димитриевски истакна:
-Отсега Максим е Максим на квадрат и оди заедно со граѓаните во Куманово на голема победа за да ја врати суштината на социјалдемократската мисла и идеја, онаа што е најбитна во секоја партија, тоа е идеологијата и суштината, а не лукративниот пристап и клиентелизмот, дворските игри или византиските игри и сите оние останати работи кои што се типични за Балканот, но за жал не се практикуваат повеќе во повеќето модели во државите во Европа и во светот
Тој додаде дека не станува збор за борба за функции, туку се работи многу повеќе за внатрепартиската демократија, внатрепартиското разбирање, и партијата не може да функционира како акционерско друштво а уште помалку како приватна фирма како што вели тој.