Тој истакна дека заедно со граѓаните оди на победа и враќање на социјалдемократската мисла и идеа и поразување на дворските игри, клиентелизмот и лукративниот пристап во СДСМ.

– Овде не се работи за функции, овде се работи многу повеќе за внатрепартиската демократија, едноставно партијата не може да функционира како акционерско друштво, а уште помалку како приватна фирма. Имам многу што да кажам и да упатам лични пораки на многу поединци, кои токму се служеа со тие интриги и кои што се подзаборавија од моментот откако дојдоа на позициите да имплементираат власта, дека всишност самите се трансформираа во нешто за што во минатото се боревме, рече Димитриевски.

Тој го прокоментира именувањето на дел од кандидатите на СДСМ за одредени општини, обвинувајќи дека се кандидираат лица кои се блиски до врвот на раководството, а метлата ги зафатила само оние кои биле најгласни во критиките.

– Всушност се работеше да се позиционираат што поблиски луѓе до одредени лица кои што се во највисокиот политички врв на партијата. Ние гледаме денеска голем број на пропусти од страна на лица кои што практикуваат власт во извршната власт без никаква одговорност. Се најавуваа метли, а истите метли не ги метеа оние кои што се најодговорните и највиновните туку оние кои што можеби беа најгласните. Се сеќавате на случајот со професорот Атанасов и многу други сопартијци кои што дадоа многу за таа партија, а денес таму ги нема, посочи Димитриевски.