Се вложуваше во училишниот спорт, се организираа спортски турнири и манифестации. Куманово во 2019 година стана Европски град на спортот за 2019 година.
– Поддршката од спортистите и спортските клубови е дополнителна мотивација за наше Куманово! Во следните 4 години продолжуваме со вложување во спортот и спортските капацитети, ќе го јакнеме спортскиот дух и правилен развој на идните генерации. Кумановци активно практикуваат спорт од 8 до 88 години, затоа Куманово е спортски град во вистинска смисла на зборот, вели независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Максим Димитриевски.
Бидете на страната на граѓаните, на 31-ви октомври излезете и гласајте за мое, за твое и за наше Куманово.
Сите предвидени проекти кои ќе бидат имплементирани по победата на локалните избори, може да ги погледнете на следната веб-страница: www.maksimdimitrievski.mk