– Дискутиравме за потребите за подобар квалитет на живот, за реализација на нашите предвидени проекти кои имаат за цел да ја унапредат инфраструктурата, образованието, спортот, да ги активираат младите и да придонесат за благодет на граѓаните. Реализиравме многу проекти, но потребно е да продолжиме по патот којшто заеднички го зацртавме. Силна економија и стопанство во Куманово, повеќе зеленило и паркови, реконструирани градинки и школи, спортски игралишта, грижа за секој еден. За наше Куманово има капацитет и проекти како сето ова да го реализира. На 17-ти октомври дадете ни ја поддршката за мое, за твое, за наше Куманово!, рече Димитриевски.
Димитриевски: За силна економија и стопанство во Куманово, повеќе зеленило и паркови
Д
Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски утрово беше во посета на Градскиот пазар во Куманово каде подели промотивен материјал и разговараше со граѓаните, информираат од неговата прес-служба.
