Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски во вечерашното гостување во дебатната емисија на телевизија Клан истакна дека на претстојните локални избори се борат во една нееднаква битка, бидејќи за првпат се случува во македонскиот плурализам да има кандидат којшто излегува од партија на власт, која е апсолутна власт и на централно и на локално ниво.
„Заедно со граѓаните победивме во првиот круг, а тоа ќе го потврдиме и во недела во вториот круг. Еден глас значи многу, бидејќи се работи за еден човек, една индивидуа. Нашата советничка листа освои голем број на советнички места и ние веќе и во следниот круг го имаме и новото мнозинство во Советот и верувам дека ќе продолжиме во еден позитивен дух. Се боревме буквално сами против сите, против сите политички партии на власт и против сите политички партии во опозиција. Немало никакви договори, тоа се апсолутни шпекулации. Заедно со граѓаните успеавме да ја издвојуваме победата, а во недела ја потвруваме повторно“, рече Димитриевски.