Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров го изрази својот револт за ситуацијата на Онкологија преку Фејсбук статус.

Еднаш засекогаш мора да ставиме крај на неказнивоста

Сите злоупотреби и скандали, ама и сите ужаси и несреќи ќе се повторуваат сѐ додека нема одговорност.

Нека бидат монструозните нечовечни наводи за криминал на сметка на животот и здравјето на пациентите на Онкологија точката на пресвртот.

Нека покажат сите вклучени интегритет.

Ајде конечно да расветлиме барем еден злочин до крајот.

За да свртиме нова страница.

Очајно ни треба луѓе нова страница.

Нема држава без закон што важи еднакво за сите. Ниту иднина.