Која е разликата меѓу кражба и преземање без најава на струја од европската мрежа, како што е тоа сторено овој месец и тоа дури четири пати, а тоа го призна директорот на МЕПСО, го поставува ова прашање во разговор за МКД.мк професорот Костадин Димитров.
Тој нагласува дека има локална енергетска криза, кај нас, а не и глобална, затоа што многу земји се обезбедени со струја и друг вид енергија и имаат и за продажба. На прашањето зошто земјава се најде во таква ситуација, вели дека проблемот е што политички се поставуваат лица на раководни места кои или не се доволно стручни или пак, целта е системот да се уништи и потоа да се распродаде.
Електрична енергија се презема од европската мрежа во посебни услови, кога ќе се случи хаварија или друга непогода кога од минута во минута нагло снемува енергија, па се прибегнува кон земање струја од заедничкиот европски „бунар” кој е со ограничен капацитет и тогаш зборуваме за хавариско преземање, вели професор д-р Костадин Димитров, претседател на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ, а по драматичната изјава за Телма на директорот на МЕПСО Куштрим Рамадани дека Македонија четири пати без најава заради балансирање презела струја од европската мрежа бидејќи имаме недостаток од струја.
Димитров објаснува дека кога има потреба за балансирање на електро – системот се презема струја но, нагласува, тоа се прави со најава и цената е двојно – тројно повисока од цената на струја што би се купила на пазарот, бидејќи станува збор за приоритетна струја.
Целиот текст на МКД.мк