Дискусијата е во рамките на Конференцијата за иднината на Европа, а на покана на Варвициотис ќе присуствуваат заменик – претседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања, заменик – министерот за надворешни работи на Србија, министрите за надворешни работи на Црна Гора и Албанија, вршителот на должноста заменик – министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Косово и заменик – министерот за надворешни работи на Словенија, како земја претседавач со ЕУ, а еврокомесарот за соседство и проширување ќе се обрати со снимена видео порака.

Од Секретаријатот за европски прашања соопштија дека „преку учеството на вицепремиерот Димитров заедно со министрите за европски и надворешни работи од регионот, како и словенечкиот претставник на претседателство со Советот на ЕУ, ќе се дискутираат ставовите на земјите и граѓаните од Западен Балкан и ЕУ во однос на иднината на Европа“.

Состанокот ќе биде од затворен карактер, а настанот е на маргините на 85-от Меѓународен саем во Солун.