Јавноста некогаш беше запознаена со неговата љубовна врска со познатата руска тенисерка Марија Шарапова, како и со актерката и пејачка Никол Шерцингер, а сега тој стави веренички прстен на рацете на Лолита Османова, која се пофали преку социјалните мрежи.
Станува збор за 25-годишна богаташка, ќерка на рускиот бизнисмен и олигарх Елдар Османов. Лолита е извршен директор на „Luxury International Magazin“, а зад неа, и покрај нејзината млада возраст, веќе стои еден пропаднат брак, пренесе „СН“.
Димитров е 30-годишник, некогаш трет, а денес 20-ти тенисер во светот кој освои осум АТП турнири во текот на својата кариера.