Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, пред членовите на ПССЕ, вицепремиерот Димитров ќе го претстави напредокот на Северна Македонија во исполнување на стратешките приоритети, како и регионалната соработка во однос на европските интеграции по што ќе бидат разменети мислења за предизвиците и можностите во тој контекст.
По неговото обраќање, предвидена е дискусија за демократските предизвици и европските аспирации за Западниот Балкан и улогата на Советот на Европа во таа смисла, стои во соопштението.