-Спорот помеѓу Македонија и Бугарија е стар еден век, можеби и повеќе. Сега тој спор да кажеш дека ќе го решиш за 6 дена а седмиот ќе одмараш, тоа е илузија и надвор од здрав разум, единствено ако тие дадени одговори не претставуваат отворена капитулација и прифаќање на сите барања како што се дека како народ постоиме од 1944 година и дека македонскиот јазик е западен дијалект на бугарскиот, рече Димитровски коментирајќи ја и изјавата вицепремиерот Артан Груби за брзо решение на спорот.

Според него дека нешто се подготвува во спорот и се работи на прифаќање на условите говори фактот дека не се информирани политичките партии ниту јавноста

-Власта треба да ги информира најголемите политички субјекти во државата. не може ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозиција да не биде информирана за ништо. Колку тоа ќе допре со јавноста, стручната и експертска јавност за да продискутира за проблемот и што е прифатливо. Но, штом нема средба од Пендаровски за одговорите што ги имаат испратено во Софија, нешто се подготвува, рече Димитровски.

Тој додаде дека Бугарија сака да ги кочи сите процеси за Македонија и проблемот станува регионален.

-Прво тоа го направи Борисов со барањата за спроведување на договорот, а Радев само се надоврзува на тоа. Свикувањето на нивниот национален совет за безбедност, сакаат да му дадат димензија на безбедносна опасност во односите со Македонија, изјави Димитровски.