„Ние мораме да видиме подадена рака од Софија. Ние мораме да видиме регистрација на македонски здруженија“, истакна Зоран Димитровски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија говорејќи дека се потребни гаранции од Бугарија дека нема Македонија по уставни измени да се соочи со нови блокади.

Димитровски додаде дека ЕУ и Европскиот Совет исто така ќе треба да дадат гаранции дека билатералните прашања и идентитетските прашања нема да смее да бидат фактички предмет на вето од страна на Бугарија во македонските евроинтеграции.

„Зошто се прави театар од уставните измени? Дури и Бујар Османи кажа неколку пати дека работната група во суштина и нема што да работи, значи тие само трошат пари и купуваат време. Идејата е дека 80 пратеника од власта немаат“, рече тој.

„Кој е проблемот? Зошто избори? Оваа Влада го изгуби тој патриотски политички легитимитет. Мнозинство на граѓани сметаат дека владата не се бори за заштита на македонските национални интереси“, нагласи Димитровски.

Тој укажа дека е потребна Влада која што ќе се бори за македонските национални интереси, а нема да ги предава на прва препрека.