Генералниот секретар на Демокраски сојуз Зоран Димитровски во гостувањето на „Вести плус“ во врска со неговите очекувања од утрешната пленарна седница за уставните измени посочи дека не очекува дека предлогот за отворање на Уставот воопшто ќе биде ставен на гласање, поради тоа што владеачкото мнозинство се плаши да види дека имало и пратеници од СДСМ кои нема да гласаат за отворање на Уставот. Според Димитровски првата фаза од собраниската процедура за промена на Уставот ќе се одолговлекува се до последниот ден од мандатот на оваа Влада.
Еден од клучните услови Демократскиот сојуз да поддржи промена на Уставот е Бугарија да прифати да ги спроведе пресудите од судот во Стразбур и да ги прифати македонските здруженија, рече генралниот секретар на партијата, Зоран Димтровски во „Вести Плус“ на Канал 5.
„Ако за Бугарија е ситница и не е голема работа промената на македонскиот Устав за внесување на Бугарите, тогаш уште поголема ситница е Бугарија да ги прифати примени пресудите од Стразбур и да ги прифати македонските здруженија. Ние уште од почетокот говориме дека тоа е еден од условите и Демократскиот сојуз да гласа за внесување на Бугарите во Уставот“, рече Димтровски.