Во тие два дена односно четири дена којзнае што се се има случено со документацијата, архивата, телефоните, компјутерите која што ова не е една компанија туку очигледно шест компании врзани под различни наслови како „Беса транс“ ДОО, „Беса транс“ ДООЕЛ, „Беса транс“, БТД итн. бугарија уште првиот ден го приведе човекот кој што пишуваше недолични коментари, а Македонија се уште нема започнато никакви постапки. Бугарија вчера нареди комплетна инспекција на сите магистрали и на сите автопати во Бугарија, нас денеска ни се случи сообраќајна несреќа пред Охрид на оној пат кој што одголен од двете страни и никој воопшто не води сметка за тоа, додаде Димовски.
Димовски запраша дали власта ги направи барем сличните работи како што реагираше Бугарија.
-Дојдовме во момент за жал да се надеваме дека можеби оваа истрага ќе биде точна и прецизна, заради тоа што ќе ја води бугарското обвинителство. Заради тоа што комплетна неодговорност имаме од нашите државни институции. 135 пати нерегистриран автобус за меѓународен сообраќај да ги мине државните граници, не се двајца цариници виновни, не може двајца цариници да одговараат за тоа. Тоа е корумпирана држава, распадната држава, нефункционална држава. Очигледно дека институциите основните работи не си ги обавуваат“, заклучи Димовски.
Димовски додаде дека со внимание ја следи оваа тема заради тоа што за жал многу е непријатно, во три вакви инциденти во последната година, година ипол или неколку години по инцидентот во Ласкарци Македонија изгуби 70-тина животи, кои што ни ти мораше, а ниту смееше да ги изгуби.
-Не требаше Македонија тие животи да ги изгуби. Во тој аспект третманот на сите три случаи е ист, се подава од една институција до друга институција одговорност, Царината вели МВР е надлежно и виновно, МВР вика Инспекторатот за транспорт бил надлежен, Инспекторатот за транспорт префрла на сосема некоја друга институција. И на крај се се сведува на факти дека ниту шоферите биле вработени во компанијата, дека ниту автобусот бил регистриран односно имал лиценца, 135 пати ја поминал границата. Или не бил побаран документ на граница на автобусот, или сето тоа си функционира така системски долго време, рече Димовски.
Димовски запраша кој може да потврди дека токму компанијата „Беса травел“ или како да се викала, дека нејзиното појавување на граница не значи слободен премин преку граничниот премин.
-Кој може да гарантира за тоа. Ова е сериозна работа, затоа што три држави се инволвирани во оваа ситуација, додаде тој.
И Димовски се надева дека случајот нема да заврши како што заврши случајот со модуларната болница во Тетово и случајот со Ласкарци кој што се тегне, а нема никаква финална разрешница.
-Неносењето на политичка одговорност и неносењето на морална одговорност во вакви ситуации нас не остава во комотна ситуација никој да не се грижи во другите сегменти од живеење, појасни Димовски.