Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ победи во урбаните центри и градови, кои имаат над 50.000 гласови и тоа носи огромни разлики, рече членот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен пратеник Илија Димовски во емисијата „24 анализа“.
Според него, „досега во Аеродром не се случила победа со 10.000 гласови“.
Победа во Кисела Вода со 7,5 илјади гласови не се случила, во Гази Баба со 8 или 9 илјади победа не се случила, потенцира Димовски.
Тој додава дека разликата на ниво на град Скопје на советничката листа е 25 000 помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а на државно ниво на советничките листи е помеѓу 50 и 50 000.