Повик за национална сплотеност и одговорност пред предизвиците

Порака за љубов, надеж и единство. Вредности кои  се особено потребни на државата во сегашните турбулентни времиња. Ваква порака упати Љупчо Димовски, аменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

Љубовта и надежта – основа за сплотено општество

„Сакам на сите да им посакам добро здравје, мир, спокој во срцата и голем просперитет – и за граѓаните и за државата. Суштината на овој празник е љубовта и надежта, а тоа е она што ни е најпотребно сега“, истакна Димовски. Тој го нагласи значењето на духовното единство, како што се манифестираше на светата литургија, и ја повика јавноста на внатрешна хармонија и соработка.

Повик до политичките актери: време е за заеднички интерес

Димовски ја нагласи и потребата од конструктивен дијалог и соработка меѓу сите политички субјекти. „Потребна ни е сплотеност – не само на народот, туку и на политичките сили – за да обезбедиме стабилна и подобра иднина. Македонија е исправена пред големи предизвици, а вистинскиот одговор почнува од заедништвото“, порача тој.

Порака со јасен апел

Во своето обраќање, Димовски подвлече дека трезвеното размислување и делување во интерес на државата мора да биде врвен приоритет. „Само така ќе успееме да ги надминеме сите пречки и да изградиме стабилна иднина за сите граѓани на Македонија“, заклучи тој.