Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Димовски истакна дека во оваа година живееме како да немаме држава, сметајќи дека на ваков нефункционален систем потребно е формирање на експертска влада во која ќе бидат вклучени најпаметните.

Од тој аспект ние имаме тотален нефункционален систем, во државата. Тоа е доволна причина да дојдеме до ситуација во која што Македонија ќе има друга влада, тоа е финална линија по која што треба да се движат линија во овој период. На крајот на краиштата и самата изјава на Заев пред месец дена кога побара некакво вклучување на опозицијата во извршната власт, кажува самиот кажува дека е потребна нова влада во државата и јас мислам дека ни е потребна нова влада и би бил најсреќен доколку низ овие разговори и преговори дојдеме до ситуација да државата добие експертска влада. Во моментот треба да ги искористиме капацитетите на најпаметните. Има доста професори, има доста членови на академија, членови на бизнис заедницата, успешни македонци надвор од Македонија и мислам дека треба да се состави експертска влада, секако премиер на таа влада не треба да биде ниту фронтмен од СДСМ, аналогно на тоа не би требало да биде фронтменот на опозиција, смета Димовски.