За функционерите особено оние на ДУИ, но и на СДСМ институциите секогаш велат дека немаат механизам да ги спречат во оние злоупотреби кои што ги прават, вели за #Детектор поранешниот пратеник, Илија Димовски. Според него, едно добро решение е носење на Закон за потекло на имот кој што ќе ги опфати сите сегашни ни и поранешни функционери.
„Најчестиот одговор кој што го даваат институциите кога станува збор за функционери од ДУИ, претежно, но и за функционери на СДСМ е дека институциите немаат механизам и немаат начин како да ги спречат овие работи. Треба да се донесе еден сериозен закон за потекло на имот и да поминат сите кои што биле и кои што се функционери низ една длабока анализа на капиталот кој што го имаат. Нас ни треба таков закон кој што ќе се однесува сите на оние кои што некогаш биле или во моментов се функционери. Во овој момент, сега, веднаш потекло на имот, па да видиме кој што , како и колку… ок, оние кои што ќе си го оправдаат потеклото во ред. Но не можеме да се лажеме, ги гледаме состојбите, не може некој да каже дека 500 евра кошта станбен квадрат во општина Карпош, а ние имаме договори на политичари кои што набавуваат по 500 евра. Дајте и ние да купиме за 500 евра квадрат, во Карпош, во најубавата населба во Скопје. Ги гледаме тие работи, антикорупциска ќе се прогласи за ненадлежна или ќе каже дека пратила известување до Јавното обвинителство.“ – вели Димовски за Детектор.
Тој додава дека обвинителството воопшто не реагира на овие постапки за разлика од оние постапки од кои власта има политички интерес каде веднаш се бараат притвори и се одземаат пасоши.