Линеарно покачување на платите за сите работници и во јавниот и во приватниот сектор. Сојузот на синдикати на Македонија до крајот на неделава до Владата ќе го достави овој предлог со кој ќе побара покачување на платите за онаа сума за која беше зголемена минималната плата.
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски смета дека во време на светска економска, енергетска, здравствена криза и воен кофликт ова е најсолидарно решение за државата, за работодавачите и за работникот.
Вели, иако законски државата има рок од 6 месеци да направи усогласувањеto на минималната со останатите плати, тие ќе бараат линеарното покачување да се пресметува од 1 мај.
ССМ дава поддршка на утрешниот протест организиран од КСС, затоа што ССМ од секогаш била и ќе остане на страната на правата на работникот.

Лидер: Дали ССМ ги поддржува утрешниот протест на КСС со кој бараат вработените во јавната администрација да ги добијат правата коишто им следуваат согласно законите и колективните договори?

– ССМ е секаде онаму каде што протестира и штрајкува македонскиот работник. ССМ била и ќе остане да се бори за подобро утре на работникот. Добро е што колегите се сетија дека правата и незадоволството се изразува на улица преку протест. Работникот мора да го добие она што законски му следува. Достоинството на работникот на прво место.

Лидер: Преку социјален дијалог успеавте да ја зголемите минималната плата. Које вашиот предог за усогласување на сотанатите плати согласно минималната?

– ССМ ќе оди со конкретен предлог, односно линеарно зголемување на платата од 2800 денари во нето, кое ќе важи од општ работник до директор. Бидејќи сметаме дека во овј кризен период покачувањето е неоходно а ова решение кое го нудиме е најсолидарно. Платите во јавниот и приватниот сектор да се зголемат за онаа сума за која се зголеми минималната плата, а тоа е 2 800 денари во нето.
Сеуште разговараме со ресорните министерства и со претставници од приватниот скетор и сметаме дека нашето најново барање за линеарно зголемување на платите согласно порастот на минималната плата во нето е најприфатливо.
Само така ќе покажеме солидарност и ќе излеземе во пресрет и на државата и јавниот сектор, на работодавецот и работникот. Фер е во ова време на кризи да се зголемат подеденакво платите на сите работници.

Лидер: Дали со овј предлог гарантирате дека ниту еден работник во Македонија нема да зема помала плата од минималната, односно 18 000 денари, како што имаме сега случај и во администарција и во образование?

-Тоа го гарантира законот за минимална плата. Сегаде онаму каде што ќе се земе помала плата од 18 000 денари ССМ ќе пријави и ќе поднесе кривична пријава на тој работодавач по основ на затајување на данок по основ на задолжително пензиско и инвалидско осигурување. Појдовна основа за пресметка на плата треба да биде минималната плата ако нема утврдено најниска плата . Најниска плата значи поголема од минималната плата.