Штрајкот на СОНК донесе ист процент но различна сума на покачување на платите. Директорите од јули ќе добијат и до 4 800 денари повисока плата, додека еден помлад наставник на своето конто ќе има повеќе 2 600 денари.
Со ваквото зголемување изгубена е солидарноста на СОНК, вели претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Во време на криза сите треба да добијат еднакво, од хигиеничар до директор– линерано покaчување на платите, барање за кое се залага ССМ и преговара со Владата.
ССМ остануваат посветени на дијалогот и се во интензивни преговори за спроведување на општиот колективен договор во јавниот сектор. Едно од барањата е и враќање на правото на регрес К-15, право кое токму овие синдикати кои сега штрајкуваат во 2008 година со челниците на тогашната Влада се договориле да го укинат.
Лидер: За што се “испазари“ СОНК со Владата?
-Ние како Сојуз на синдикати на Македонија знаеме за што преговараме ние, а СОНК за што се испазари, одговорот ќе го барате на адреса Јаким Неделков.
СОНК очигледно штрајкуваа согласно Законот и порастот на минимална плата кој изнесуваше 18,4 % и Неделков го поведе членството на штрајк за повисока плата од 18,4% а на крај излезе дека не штрајкувале за тоа!, – туку на еден пазарски начин, не знам по која математика и по кој модул дојдоа на 12 % и скалесто зголемување на платите. Тоа според мене и според ССМ значи дека учителите и наставниците штрајкуваа за директорите да добијат поголеми плати.
Лидер: Кој доби а кој изгуби од штрајкот?
-Од штрајкот најмногу изгубија децата, родителите кои останаа дома за време на штрајкот и ги чуваа своите деца и на крај се разбира изгубија наставниците. 12% значи најголема зголемена плата на директорите во училиштата, додека учителот, наставникот и техничкиот кадар во училиштата ќе добијат помало покачување од 2806 денари, сума за која се зголеми минималната плата и сума за која преговара ССМ со Владата за линерано зголемување на сите работници во јавниот и приватниот сектор. Како солидарно решение во оваа криза 2806 денари да земе директорот на училишто но и хигеничарот во истото училиште.
Лидер: Утре на штрајк ќе излезат вработените во Управата за водење на матични книги. Шалтерите за поднесување барање за издавање на изводи од матичната книга на родени, венчани, умрени нема да работат додека не им се покачат платите. Ваш став?
-Ние како ССМ очекуваме повик од Владата согласно предлогот на општиот колективен договор каде што велиме да се усогласат линеарно платите во јавниот сектор кој опфаќа 132 000 вработени и регрес. Враќање на изгубеното право на работникот, каде баш овие синдикати кои сега штрајкуваат, во 2008 година со еден неславен министер за финасии го укинаа правото на регрес или К-15.