Поранешниот пратеник Илија Димовски во емисијата За или против рече дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека е жално што Македонија ја водат луѓе кои немаат чувство на припадност и не и мислат добро на државата. Според него Главната дилема која што ја имаме е дали Бугарија после евентуалните уставни измени, ќе продолжи со реториката на условување.
„Главната дилема која што ја имаме е дали Бугарија после евентуалните уставни измени, ќе продолжи со реториката на условување? За жал, во протоколот потпишан од Бујар Османи, кој е дел од преговарачката рамка, се наведени сите наши обврски. Продукција, архивистика, историја, идентитески прашања, сето тоа е во преговарачката рамка. За мене е ова поразително. Подобро ќе беше да имаше единство помеѓу политичките партии. Овој предлог, за одложена примена на уставните измени, се одговор на нашите стравови и дилеми, дали ќе следат други уцени од Бугарија. Ова, на Бугарија ќе и ја скрати моќта, да уценува. Го отстрануваме стравот кој што го имаме сите. Жално е, што немаме разбирање. Доколку постигнеме разбирање внатре во Македонија, и доколку имаме поддршка од меѓународниот фактор, ќе се изместат работите. Ние сме во еден процес на взаемен интерес. Голем е интересот Македонија да влезе во ЕУ, ама и голем е интересот на ЕУ, Македонија да стане дел од Унијата. Ако изградиме меѓусебно разбирање, преговарачката позиција ќе биде посигурна“ – рече Илија Димовски.