Полицијата поднесе кривични пријави против Н.И.(39) од Крушево, в.д. директор на Јавното претпријатие „Комуна“ во Крушево и П.Н.(55) од Крушево, раководител на oддел во истото претпријатие, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.

– Пријавените, во периодот од втората половина на 2018 година до 2020 година свесно пропуштиле преземање службени дејствија, односно не изготвиле соодветни документи за прием на 10 тони – еуродизел гориво во магацинот на јавното претпријатие. Исто така, не биле извршени требувања за издаден материјал од магацинот со кои се евидентира потрошувачката на гориво и со тоа предизвикале штета од 7.080 литри еуродизел. Н.И. постапил спротивно на законот и со отуѓување на работна машина – трактор ИМТ 539 без донесена Одлука за размена, отуѓување или расходување на основно средство за работа и со тоа го оштетил претпријатието за 400 евра, информираат од полицијата.

Двете лица добија кривични пријави.