Директорката на ОУ „Бранко Радичевиќ“ во населеното место Стапар (општина Сомбор, Србија), Ј.М. (50) е уапсена под сомнение дека организирала „копање“ на криптовалути со поставување на т.н. „ригови“, дознава „Блиц“.
Дополнително, како што неофицијално дознава „Блиц“, таа вработила едно лице во училиштето да се занимава исклучиво со тие задачи.
Во голема акција на Службата за борба против организиран криминал и Специјалното обвинителство за високотехнолошки криминал, Ј.М. е уапсена заедно со 34 лица од територијата на градовите Сомбор, Нови Сад и општините Бачка Паланка и Апатин, поради сомнение дека сториле повеќе кривични дела.
Тие се товарат за здружување за извршување на кривични дела, неовластен пристап до заштитен компјутер, компјутерска мрежа и електронска база на податоци, измама, изнуда и загрозување на безбедноста.
Засега не се знае дали сите тие соработувале меѓу себе, бидејќи дел од уапсените се осомничени дека измамиле луѓе продавајќи им „наместени резултати“ преку социјалните мрежи.
Она што неофицијално го дознават медиумите е дека Ј.М. имала поставено „пригови“ за „копање“ на неколку локации во градот и дека постои основа да се сомнева дека за неа работеле повеќе луѓе.