Иако имаа право, Дрпљанин и Богдановски не ги образложија своите оставки на седница, а претседателот на Собранието, Талат Џафери, констатира дека престанува нивниот мандат.
На местото на Богдановски во парламентот влегува Даниела Николова од Аеродром со што СДСМ добива уште еден пратеник од своите редови. Државната изборна комисија (ДИК) веќе го потврдила мандатот на Николова.
Претходно, Анета Симеска – Димоска одбила да биде пратеничка, бидејќи неодамна беше именувана за в.д. директорка на Државниот пазарен инспекторат.