Директорката во Клиничкиот центар во Скопје и актуелен член на Управниот одбор на Македонски телеком, Шкодране Дардишта, која е кадар на ДУИ, на својот фејсбук-профил, очигледно незадоволна од развојот на настаните на политичката сцена во Македонија отворено се закани со војна.
Сѐ уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале по војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него – порача Дардишта.
За вајвата објава реагираше и пратеникот на Левица, Борис Крмов,
Шкодране Дардишта кадар на ДУИ се заканува со војна ако на нејзината партија не ѝ се дозволи да продолжи да ја силува државата! Ама ова во нашиот политички дискурс е потполно легитимно за разлика од фашизмот и нацизмот на Левица нели!? – напиша Крмов.