Се работи за овој случај, за кој беше објавено и на нашиот портал.

Пријавата против 44-годишниот функционер е поднесена поради сомнение за сторено кривично дело „повреда на угледот на Република С. Македонија“. Со овој член од кривичниот законик, се предвидува казна од 3 месеци до 3 години.

Како што се наведува во официјалното соопштение на МВР, тој на 25 март како директор на Центарот за култура „Кочо Рацин“, дозволил во просториите на библиотеката да се постави табла каде се истакнати име и грб на странска држава со натпис на албански јазик.

Притоа, воопшто не биле истакнати името, грбот или знамето на Република Македонија, како ни обележја на општина Кичево или на Министерство за култура.