Се бришат електронски записи и се уништуваат ревизорски документи кои соддржат индиции за сериозен финансиски криминал во градското сообраќајно прептријатие ЈСП, тврди суспендираната внатрешна ревизорка Николина Кузманова.
Во моментот на суспензија ми беше одземен службениот лаптоп и документацијата без записник, значи буквално бев приморана да го напуштам работното место без да се направи записник за документацијата која ја оставам. Станува збор за мојата работа од 2014 година до 01.11.2022 година, значи, станува збор за извршени ревизии, прекинати ревизии, дописи, укажувања на можни кривични дела, укажувања на неправилности во работењето, значи, комплетна документација која ја вршев јас как внатрешен ревизор“, изјави ревизорката Кузманова за Алфа.
Таа вели дека незаконски не и е дозволено да се врати на нејзиното работно место, иако ја обжалила суспензијата и се уште се води како вработена во преторијатието. Смета дека се користи нејзиното отсуство за да бидат уништени докази за проневера на народни пари.
„Во текот на ревизијата произлезе можно кривично дело, уништување на деловна документација, односно, се работи за финансиски документи за две календарски години, 2018та и 2019та кои што согласно законот за архивски материјал, законска обврска е да бидат чувани 5 години, бидејќи се составен дел на финанските извештаи кои што ги изготвува ЈСП“, вели Кузманова.
Алфа ТВ до ЈСП поставиле серија на прашања за појаснување на состојбите, но оттаму само накратко рекле дека не можат да одговорат.
„Во интерес на постапките кои се во тек, во овој момент ЈСП Скопје би се воздржало од одговор на поставените прашања”, одговориле од ЈСП.
Ревизорката Кузманова се сомнева дека финансиските извештаи од 2018 и 2019 кои биле уништени во поплава намерно не биле соодветно заштитени, а за тоа постои одговорна личност.
Инаку, Кузманова вели дека е под суспзнеија поради неизршени работни задачи, кои биле невозможно да се завршат за кратко време. Тврди дека ВД директорот Александар Стојковски задачата ѝ ја доделил 3 дена пред суспензијата.