Соединетите Американски Држави се „многу блиску до рецесија“ и можеби се веќе во рецесија. Ова го изјави Лери Финк, извршен директор на глобалната инвестициона компанија БлекРок.
Во интервју за американската мрежа CNBC, Финк посочи дека трендот на претходни купувања на производи, како што се iPhone уреди, поради очекувањето на повисоки поскапувања, укажува на слабеење на економијата.
Финк ги критикуваше економските политики на Доналд Трамп, посочувајќи дека САД сега се „глобален дестабилизатор“. Тој додаде дека не се работи за последици од пандемија или финансиска криза, туку дека самите САД ја предизвикале сегашната економска ситуација.
„САД беа глобален стабилизатор по Втората светска војна. Сега ние сме глобален дестабилизатор“, изјави Финк.
Во исто време, американските берзи продолжуваат да бележат пад, делумно предизвикан од т.н. трговски војни и царинските политики на Трамп.
Волстрит бележи пад: Златото достигна рекордно ниво, јапонскиот Никеи падна за 5%
Наспроти повредените индустрии, Финк смета дека трговските бариери создаваат економски застој кој би можел да има далекусежни последици.
Извор: Рацин.мк