Обвиинителството бара да одат во притвор
„Без да вршат целосен надзор врз собирањето и транспортот на комуналниот отпад и со несоодветно управување со отпадот, тие овозможиле во текот на овој месец да се создадат диви депонии на јавни и патни површини, во близина на контејнерите предвидени за комунален отпад. Со тоа предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот и водата, доведувајќи го во опасност животот и здравјето на луѓето од можност за појава на заразни или други болести“, порача портпаролот на МВР.
Овие сомнежи, како што соопштија портпаролот на МВР и Обвинителството, биле потврдени и преку вонредни инспекции за заштита на животната средина, како и преку експертски мислења за влијанието на отпадот врз јавното здравје и можноста за ширење на заразни болести, издадени од Институтот за јавно здравје.
„Поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени“, велат од ОЈО.
Рустеми и Саити беа приведени од полицијата попладнето на 27 октомври. Сабахудин Рустеми, за директор на „Комунална хигиена“, е назначен на 29 јануари 2025 година од страна на градоначалничката Данела Арсовска. Во периодот од 2017 до 2021 година ја извршувал функцијата директор на Јавното претпријатие „Сарај“, а во периодот 2023–2024 бил заменик-директор на ЈП „Паркови и зеленило“ во Скопје. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по апсењето реагираше остро, оценувајќи го потегот како обид на „режимот на Мицкоски и МВРО“ да внесе страв пред вториот изборен круг.
Извор: Expres.mk
