Тој рече дека странски шпиони се обидуваат да украдат технологија, да сеат раздор и да нападнат инфраструктура.
Растечката агресија на постсоветска Русија и подемот на Кина ги принудија раководителите на најголемите западни разузнавачки служби да го свртат вниманието на традиционалното контраразузнавање.
Директорот на МИ-5, Кен Мекалум изјави дека британското разузнавање идентификувало 10.000 подмолни обиди на странски шпиони за манипулирање со обични Британци.
Последиите од шпионските активности на странските сили можат да се движат „од депресија и незадоволство…и потенцијално до загуба на живот“, рече Мекалум во говорот во седиштето на МИ-5.
„Со текот на времето, треба да ја изградиме истата јавна претпазливост и издржливост кон заканите што доаѓаат од странски земји, што ги градевме со години кон тероризмот“, рече директорот на МИ-5, додавајќи дека – „Не треба да се плашите, туку да бидете будни“.
Британските разузнавачи велат дека Русија и Кина се обиделе да украдат трговски тајни и интелектуална сопственост, како и да се мешаат во политиката и да шират дезинформации.