Тој во пресрет на новогодишните празници со цел да им посака најубави желби на учениците пред почетокот на зимскиот распуст, се маскираше во Дедо Мраз и им подели пакетчиња на учениците.

Сево ова го сподели на својот Фејсбук профил, а покрај фотографиите напиша: „Дедо Мраз не е мит, тој денес беше во СУГС „Владо Тасевски“, за нас и нашите најмили. П.С. Директори се многу, Дедо Мраз е еден, ХО ХО ХО“.