Светот изгуби околу милијарда барели нафта во последните два месеци, а на енергетските пазари ќе им треба време да се стабилизираат дури и ако протокот продолжи, изјави во неделата извршниот директор на „Сауди Арамко“, Амин Насер.

Тој, исто така, нагласи дека компанијата, и покрај проблемите, има јасна цел.

„Нашата цел е едноставна: да го одржиме протокот на енергија, дури и кога системот е под притисок“, изјави Амин Насер за „Ројтерс“ откако „Арамко“ објави пораст од 25% на нето добивката во првиот квартал.

Глобалните резерви на енергија се нагло намалени поради блокадата на Ормускиот теснец од страна на Иран, што го ограничи превозот и ги зголеми цените по војната меѓу САД и Израел.

„Повторното отворање на рутите не е исто што и нормализирање на пазарот кој е лишен од околу милијарда барели нафта“, рече Насер, додавајќи дека годините на недоволно инвестирање го засилиле притисокот врз веќе ниските глобални резерви.

„Арамко“ го користи својот нафтовод Исток-Запад за да го заобиколи Ормускиот теснец и да транспортира сурова нафта до Црвеното Море, ресурс што Насер го опиша како „клучен спас“ за ублажување на глобалната криза во снабдувањето.

И покрај промените во транспортните правци, Насер повтори дека Азија останува клучен приоритет за компанијата и е централна за глобалната побарувачка.