Баерн Минхен загуби од Менхегладбах со 3:2, резултат за кој огромно влијание имаше моментот на самиот старт на мечот, кога фаворитот остана со играч помалку.
Дајот Упамекано се чини дека престрого беше исклучен во осмата минута, по што Баерн речиси цел меч играше со 10 играчи и се обидуваше да парира на теренот.
На крајот, тоа беше доволно само за чесен пораз од 3:2, кој посебно лут го остави тренерот на баварците, Јулијан Нагелсман. Младиот стратег негодуваше за црвениот картон на Французинот на прес-конференцијата, но тоа што го направил претходно било далеку посериозно. Како што информираат германските новинари, Нагелсман беснеел во подтрибинскиот простор, удирал по вратата од собата на судиите и ги навредувал истите, а потоа имал и директна средба со главниот арбитар, Тобијас Велц.
Поради недоличното однесување, дисциплинската комисија при Германската Федерација сега отвори истрага против тренерот на Баерн, кој повеќе од веројатно ќе добие примерна казна.
– Емоциите се дел од спортот. Морам да се извинам за изборот на зборови кои му ги посветив на судијата Тобијас Велц. За жал, отидов предалеку, порача Наглесман во своето извинување на социјалните мрежи.