Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ од полноќ се намалува за 2,50 денари, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари по литар. За 2,00 денара поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе биде 93,50, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 96,00 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 96,00 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за 91,00 денар за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,806 ден/кг и ќе изнесува 49,189 ден