Според претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, станува збор за директна спогодба на тој начин што ќе се прогласат за стратешки инвеститор, а за изградбата на автопатите за национален интерес. Тоа ја отвора вратата за евентуално коруптивен договор, а ДКСК ваквиот закон, доколку се изгласа, ќе го оспори пред Уставен суд.
– Станува збор за закон од висок ризик за корупција и ќе го дадеме на Уставен суд. Како е можно тој закон да биде согласност со Уставот, а при тоа да се фаворизира еден оператор?, прашува реторички Ивановска во изјава за „Телма“.
Според Антикорупциска, не може проектантот воедно да биде и изведувач, а Ивановска дополнително прашува зошто овој предлог-закон не го поднесува Владата, туку пратеници.
Од ВМРО-ДПМНЕ како опозиција најавуваат дека викендов ќе изградат став.