Јавната дебата која ќе се одржи онлајн преку платформата „Зум“ ќе започне од 12 часот, а на неа свои обраќања ќе имаат претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, в.д. директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски, членот на Државна комисија за спречување на корупција, Владимир Георгиев, како и повеќе експерти и претставници на институции, здруженија и иницијативи.

Како што информираат од ДКСК, од дискусијата ќе бидат извлечени заклучни согледувања кои понатаму ќе бидат доставени до надлежните институции.