По завршување на изборите за пратеници во Собранието, Државната комисија за спречување на корупцијата ги повикува избраните функционери, да ги почитуваат начелата, обврските и забраните утврдени во Уставот, законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, законот за пратеници, законот за Собранието и Изборниот законик.
Според ДКСК, Уставот предвидува дека функцијата претседател на владата и министер е неспојлива со вршење на други јавни функции или професии, согласно член 89 став 5.
Функцијата претседател на републиката, претседател на владата, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, Народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието, владата или органите на локалната самоуправа се неспојливи една со друга.
На избраните и именуваните лица, чии функции се извршуваат професионално, работниот однос им мирува согласно со закон, соопштуваат од ДКСК.