ОВЕН (21. III – 19. IV)
Можеби ви се чини дека вашата искреност не прави штета, но луѓето околу вас го мислат сосема спротивното. Денес може да повредите некого без да го сакате тоа. Колку и да се чисти вашите намери, понекогаш е подобро да го зачувате вашето мислење само за вас.
Набљудувајте ги реакциите на луѓето. Понекогаш јазикот на телото „зборува“ погласно од устата.
БИК (20. IV – 20. V)
Враќањето во минатото може да се покаже како полн погодок за вас денес. Ќе разговарате за стари љубовни проблеми кои сè уште ви нанесуваат бол и ќе го пронајдете вашиот лек. Разговорите со доверлива пријателка или терапевт ќе ви помогнат.
Подгответе се за отворање ново поглавје. Време е да продолжите со вашиот живот, фрлајќи го зад себе тешкиот товар кој го влечете. Вие сте посилни отколку што си мислите.
БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Денес ќе им помагате на луѓето без да очекувате ништо за возврат. Но, тие ќе ви возвраќаат на начини кои не сте можеле ни да ги замислите. Ова е ден кога ќе се уверите дека добрината со добро се враќа.
Ваш пријател ќе се ослободи да ви ја отвори душата за свој проблем. Покажете емпатија.
РАК (21. VI – 22. VII)
Заборавете на критицизмот, време е за пофалби. Денес луѓето многу повеќе ќе ги следат вашите инструкции ако умеете да им ја зголемите самодовербата, а не да им ја уништите. Стојте подалеку од озборувања и расправии.
Најдоброто решение за ваш љубовен проблем се крие во вас самите. Нурнете и пронајдете го.
ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Постои поврзаност меѓу вас и ваш колега која вие постојано ја игнорирате. Можеби се плашите од пораката која вашата блискост може да ја пренесе или дека правите нешто погрешно. Време е да го промените тоа и да го следите срцето.
Ако сте во врска, ќе пронајдете начини да минувате повеќе време со вашиот сакан. Ќе започнете да разговарате за заеднички бизнис, за заеднички тренинзи или за заедничко хоби.
ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Денес ќе се најдете во натпреварувачка средина на работното место. Некој ќе сака да го добие она што сега е ваше или ќе се обидува да ве омаловажи за да се истакне себеси. Важно е да блескате во најубавото и најинтелектуалното издание, останатото само ќе си дојде.
Можно е да заборавате ветување кое сте ѝ го дале на важна личност. Потсетете се што сте ветиле во изминатиот период
ВАГА (23. IX – 22. X)
Денес ќе наидете на златна можност за да си ја зголемите заработката и да постигнете финансиска стабилност. Сепак, со зголемените приходи ќе доаѓаат и зголемени одговорности. Ќе ви биде потребно време, но одлично ќе се адаптирате.
Пред да правите големи чекори во кариерата, консултирајте се со семејството и со партнерот. Земете го предвид нивното мислење.
ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Кажувањето на вистината е секогаш полесно од осмислување лага. Денес бидете искрени, бидејќи ако се обидете да излажете, ќе бидете „уловени“.
Ова е одличен период за средби со пријателите и обновување на контакти кои сте ги прекинале поради пандемијата.
СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Во вашиот живот се случуваат многу возбудливи нешта, па воопшто не ве интересираат туѓите животи. Сепак, важно е да одговорите на повиците за помош или совет од вашите омилени личности. Погледнете околу себе, не сте сами на овој свет.
Ќе започнете да ги гледате позитивните резултати од промените во вашите навики кои неодамна ги направивте. Тоа ќе ве мотивира да се трудите уште повеќе да бидете најдобрата верзија од себеси.
ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Зборовите можат да лекуваат, но и да болат. Внимавајте што кажувате денес, бидејќи постои опасност да повредите некого ако не мислите пред да ја отворите устата. Размислете како другите би реагирале на вашите искази.
Отворете се за совети, особено доколку доаѓаат од повозрасни личности.
ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Пречки ќе има на вашиот пат додека реализирате важен проект, но најубавото нешто е што нема да дозволувате тие да влијаат на вашата самодоверба. Не ви е потребен никој за да се мотивирате да трчате кон вашите цели, ние си сте сами на себе мотивација.
Оние што ве гледаат ќе ви се одушевуваат. Подгответе се да слушнете коментари поттикнати од завист.
РИБИ (19. II – 20. III)
Индивидуално, ние сме само една капка, но заедно сме цел океан. Денес тимската работа ќе биде онаа која ќе ви ги носи најголемите успеси. Заборавете на работата зад биро во канцеларијата и започнете да соработувате со колегите.
Ако во минатото некој ви зарил нож во грбот, не значи дека треба да ја изгубите довербата во сите. Многумина сакаат да имаат место во вашиот живот.