ОВЕН (21. III – 19. IV)
Понекогаш не е важно што знаете, туку кого знаете. Денес искористете ги вашите контакти за да го добиете она што го сакате, без разлика дали станува збор за ново работно место, за средба со симпатија или за добивање важна информација.

Плановите ќе се менуваат во последните 5 минути. Не планирајте ништо однапред или секогаш имајте план Б.

БИК (20. IV – 20. V)
Со нетрпение очекувате некоја средба, па ќе ви биде тешко да се концентрирате на работата. Морате да најдете начин да се фокусирате на обврските што чекаат на вас, во спротивно, можни се конфликти со авторитетни фигури.

Не заглавувајте во рутини. Разнообразете го вашиот живот со нови активности, вашите тренинзи со нови вежби, вашата работа со нови методи… Експериментирајте!

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
И самите ќе се изненадите колку лесно ќе заштедувате пари денес. Можно е да го купите посакуваното фустанче на попуст или да најдете начин да избегнете трошок. Среќата ќе биде на ваша страна кога се финансиите во прашање.

Ако работното место не ви ја дава потребната слобода на креативно изразување, можни се промени.

РАК (21. VI – 22. VII)
Комплиментите кои ќе ги добиете денес на работното место ви се целосно заслужени, нема потреба да бидете скромни. Зборувајте со гордост за вашите постигнувања без да се грижите како ќе изгледате во туѓите очи. Пумпајте ја вашата самодоверба.

Голем настан на љубовната сцена ќе ви го забрза ритамот на срцето. Можно е да се заљубите или да се запознаете со оној што веќе ви се допаѓа.

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Кога работите тимски, заборавете на зборот „јас“. Денес почесто користете го зборот „ние“ и мотивирајте ги колегите да работат како едно. Да, ќе сакате вашето мислење да биде доминантно, но морат да научите да ги слушате другите.

Не се плашете да признаете дека нечија идеја е подобра од вашата. Давајте комплименти кога треба да подигнете нечија самодоверба. Тоа ќе ве издвои од другите.

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Земете го микрофонот во рака и зборувајте. Денес вашите идеи ќе бидат чекани и барани на работното место, а да бидеме искрени, вие со возбуда ќе ги споделувате. Изберете ја мудро вашата публика.

Флертувајте со зборови ако има некој што ви се допаѓа. Најдете начин како да започнете разговор, а останатото ќе биде бајка

ВАГА (23. IX – 22. X)
На луѓето ќе им биде лесно да се смеат кога се покрај вас денес. Ќе смислувате нови начини за да се забавувате не само себеси, туку и луѓето кои ги сакате. Пробајте нови нешта, одете онаму каде што досега не сте биле, поставувајте невообичаени прашања…

И самите ќе се изненадите колку позитивни настани ќе ви се случуваат кога сте спонтани.

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Денес нема да ја имате огромната енергија на која сте навикнати и ќе ви биде чудно што нема да можете да бидете насекаде, со секого. Колку и да не сакате да седите во едно место, морате да бидете понежни кон себе. Намалете го темпото.

Останете дома вечерва. Ако имате планови кои можат да ве истоштат, одложете ги.

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Некој кој сте го сметале за ваш ривал денес ќе би подаде рака во клучен момент. Ќе сфатите дека сосема погрешно сте ги оценувале вашите односи и дека сте избрзувале со заклучоците. Имајте доблест да се извините ако сте згрешиле.

Инвестирајте во себе. Запишете се на курс за стекнување нова вештина, започнете да учите странски јазик или читајте повеќе книги.

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Никогаш нема да дознаете колкав е вашиот потенцијал освен ако не ги тестирате вашите граници. Денес зграпчете ги предизвиците, излезете од комфорната зона или зголемете го интензитет на тренинзите. Имате поголема сила отколку што си мислите.

Уметноста ќе ве привлекува повеќе од вообичаено. Обиколете се со нешта кои се визуелно убави. Тоа ќе ви носи радост.

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Никогаш не е предоцна за да му кажете на некого дека го сакате или за да започнете да водите поздрав начин на живот. Планетите ве поттикнуваат да ги направите посакуваните промени во карактерот и во навиките. Чекор по чекор!

Ќе бидете на вистинското место во вистинското време за да искористите можност за напредок во кариерата. Бидете брзи, секоја минута е важна.

РИБИ (19. II – 20. III)
Нервозни сте? Денес држете ги чувствата подалеку од вашата канцеларија. Покажете самодоверба дури и кога не ја чувствувате за да не им дадете на конкурентите оружје со кое ќе можат да ве победат.

Заборавете на мултитаскингот. Фокусирајте се на еден проект или на една задача и не прифаќајте ништо друго пред да ја завршите.