ОВЕН (21. III – 19. IV)
Ќе ги оттурнувате подалеку од себе сите што стојат на патот меѓу вас и задоволството. Уживањето ќе ви биде приоритет денес. Насладувајте им се на убавите нешта кои вообичаено ги земате здраво за готово.

Некој ќе ви создава напнатост вечерва. Сепак, чувајте ги вашите лоши чувства подалеку од разговорите за да не си ги уништувате врските.

БИК (20. IV – 20. V)
Не трошете залудно ниту капка од вашата енергија. Денес нема да можете да се пофалите дека имате полни батерии, па заборавете на вашата желба да им помагате на сите околу вас. Фокусирајте се прво на себе.

Морате да поработите на заостанатите обврски пред вашата листа да стане преголема за исполнување.

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Плановите кои ги правевте во изминатиот период сега ќе започнат да се реализираат побрзо отколку што сте си замислувале. Веројатно ќе жртвувате дел од вашето слободно време за да им се посветите на нештата кои ви се важни и нема да жалите.

Ниту небото нема да биде ваша граница кога нешто ќе наумите. Полетајте!

РАК (21. VI – 22. VII)
Денес ќе склопувате нови пријателства на сосема неочекувани места. Првиот впечаток е најважен, но вие добро ќе го знаете тоа и ќе умеете да се претставите во најдобро светло пред сите што ќе ги запознаете. Многумина ќе ве имаат во мислите и кога не сте повеќе заедно.

Имате космичка дозвола да бидете пребирливи на друштвен план. Тешко е да се пронајдат вистинските пријатели, па дајте си го потребното време.

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Денес ќе ви доаѓа да се качите на покривот и оттаму да го извикате името на оној што ви се допаѓа. Повеќе нема да можете да ги криете вашите романтични чувства, а реалноста е дека нема ни да сакате. Направете го првиот чекор, нема ништо лошо во тоа.

Веќе имате партнер? Ќе добиете повик за будење дека треба да му посветите поголемо внимание. Не дозволувајте страста да згасне.

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Лесно ќе ги убедувате луѓето да ве следат. Лидерските способности ќе ви бидат одлични и многу вешто ќе ги мотивирате колегите да работат како едно. Ако работите тимски проект, ќе успеете да го реализирате во рекордно време.

На семеен план, спуштете ги картите на масата. Бидете отворени со вашите најмили, само така ќе создадете хармонија во домот.

ВАГА (23. IX – 22. X)
Дозволете им и на другите да блеснат. Денес ќе се чувствувате неудобно во центарот на вниманието, па подобро е да се повлечете на задното седиште и оттаму да го набљудувате светот. Ќе се изненадите кога ќе откриете важни информации следејќи нечие однесување.

На крајот од денот направете уште еден чекор за подобрување на вашето здравје. Што велите за домашни оброци кои можете да ги понесете со себе на работа?

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Љубовта за вас ќе се роди кога најмалку ќе ја очекувате денес. Можно е да се заљубите на прв поглед во слаткото момче во продавницата или да ве освои ваш клиент. Не ги игнорирајте вашите чувства, дајте им поголемо значење.

Задоволете си ја жедта за знаење со добра книга, истражувања на омилената тема или интересен документарец.

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Вашата желба да ги усреќите сите луѓе денес ќе се покаже како недостижна. Наместо тоа, фокусирајте се на оние личности кои најмногу ви значат и не се расејувајте. Нема потреба да им ги објаснувате вашите постапки на другите.

Некој од вашето работно место ќе биде импресиониран од вашите вештини. Можно е да добиете прекрасна понуда во претстојните денови.

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Можете да го живеете животот само во сегашноста, но тогаш зошто постојано се навраќате на минатото? Да, направивте грешки, но кој не ги направил? Извлечете ги вашите поуки за никогаш повеќе да не ги повторите.

Возвраќањето на провокации не е најмудриот начин да си го подобрите имиџот. Со насмевка одминувајте ги конфликтите.

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Имате план пред себе? Следете го дури и ако никој не верува дека можете да го реализирате. Продолжете да верувате во чуда и тие навистина ќе се случат. Многумина ќе се одушеват од вашата сила.

Прифатете ги промените кои се случуваат во вашиот живот. Бидете флексибилни за да се адаптирате полесно на нив.

РИБИ (19. II – 20. III)
Растојанието меѓу вашите соништа и реалноста се нарекува акција. Денес не очекувајте дека успехот ќе ви биде подарен на послужавник, засукајте си ги ракавите и фрлете се на работа. Сериозните одлуки носете ги сами.

Ова е ден кога најдобро ќе функционирате сами. Луѓето не само што нема да ви помагаат, туку и ќе ве расејуваат.