ОВЕН (21. III – 19. IV)
Каков е вашиот план за денешниот ден? Без разлика што се случува околу вас, придржувајте се кон него. Околу вас ќе има многу нешта кои ќе можат да ве деконцентрираат и расеат ако вие им го дозволите тоа.

Покажете цврстина во карактерот на секое поле од животот. Не дозволувајте некој друг да ви го контролира животот.

БИК (20. IV – 20. V)
Вашата силна интуиција денес ќе ве плаши, бидејќи само што ќе помислите нешто, тоа ќе се остварува. Искористете ја оваа ваша способност за да ги направите најдобрите избори за себе. Запомнете, не е злато сè што сјае.

Колку повеќе пријатели гледате околу себе вечерва, толку порелаксирани ќе бидете. Прифатете покана за излегување во големо друштво.

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Дали вашите пријатели знаат колку многу ви значат? Денес кажете им, но и покажете им со гестови. Прегрнете ги кога најмалку го заслужуваат тоа, опростете им за грешките, изненадете ги со подарок со големо значење за нив.

Експериментирајте со изгледот за време на вечерното излегување. Заборавете на вообичаените еднобојни модни комбинации.

РАК (21. VI – 22. VII)
Вашата скромност не само што ќе ве прави благодарни за животот што го имате, туку и ќе ве прави почитувани од сите. Денес нема да барате многу, но и нема да изигрувате жртва. Ќе бидете среќни со она што го имате.

Не грижете се за луѓето кои ви завидуваат и ви зборуваат зад грб. Тие само знаат дека сте подобри од нив.

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Денес никој нема да ви даде орден затоа што сте ги завршиле сите обврски сами. Научете се да работите најмудро, а не најнапорно. Она што не зависи од вас, делегирајте им го на вашите колеги или на членовите од вашиот тим.

Заборавете на мултитаскингот и движете се низ задачите чекор по чекор. Морате темелно да работите за да не направите грешка

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Како што наближува крајот на годината, така расте вашата желба за забава. Денес ќе се фокусирате на вашата среќа и до последна капка ќе ги цедите можностите за смеа, дружба и веселење.

Додека стекнувате нови пријатели, не ги заборавајте старите. Земете го телефонот во рака и јавете им се.

ВАГА (23. IX – 22. X)
Сè додека се движите денес, ќе се чувствувате прекрасно. Енергијата нема да ви дозволува да седите во едно место, па ако се принудувате да го правите тоа, ќе бидете несреќни. Колку поактивен ден ќе имате, толку поширока ќе ви биде насмевката.

Избегнувајте конфронтации, особено за време на вечерното излегување. Ако дозволите негативни емоции да се родат во вас, нема да можете брзо да се справите со нив.

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Нема да можете да направите избор меѓу две привлечни опции на љубовно поле. Можно е срцето да ви вели едно, а разумот друго, па таа битка во вас ќе ве прави неодлучни. А за каде брзате драги шкорпии? Дајте си повеќе време за размислување.

Не ги игнорирајте советите на луѓето околу вас, без разлика дали ви одговараат или не. Понекогаш, треба да прифатите помош.

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Грижете се подобро за себе! Денес разгалете се со долга масажа, посетете спа, направете си маникир или одете на шопинг. Подарете си нешто што одамна го посакувате, но сте го одложувале затоа што не ви било приоритет.

Среќата ќе ви биде приоритет денес. Направете си листа со нешта кои ви мамат насмевки и реализирајте ги.

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Вашиот вкус ќе биде префинет денес, па модните комбинации кои ќе ги склопувате ќе бидат на чекор до совршенството. Нема да се задоволувате со малку и ќе го барате најдоброто за себе. Знаете што? Вие и го заслужувате!

Партнерот ќе започне сè почесто да ве изненадува со подароци, обидувајќи се да ве заведе повторно и повторно. Ценете го тоа.

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Вашата моќ на привлекување е огромна денес. Очекувајте зголемена популарност и на социјалните мрежи и во реалниот свет. Имате дозвола да бидете пребирливи во љубовта, бидејќи можете да имате сè што посакувате.

Во врска сте? Не им го вртете грбот на пријателите само затоа што сте среќни кога сте покрај партнерот. Одржувајте баланс.

РИБИ (19. II – 20. III)
Денес нема да чекате некој друг да ви го пробие патот, туку самите ќе го правите тоа. Колку и да е непрооден теренот пред вас, вие храбро ќе ги рушите препреките, самоуверено трчајќи кон целната линија. Ваквото расположение ќе ви трае неколку дена, искористете ги.

Ноќта ќе ви биде спротивност на денот. Прашајте каде е најдобрата забава и посетете ја.