ОВЕН (21. III – 19. IV)

Денес силно ќе верувате во себе и благодарение на вашата самодоверба ќе бидете победник во секоја ситуација. Вашиот труд ќе биде забележан и награден од вашите претпоставени. Можно е зголемување на платата или бонус.

На крајот од денот ќе сакате да бидете сами за да можете да го слушнете вашиот внатрешен глас. Прошетка во природа ќе ви годи.

БИК (20. IV – 20. V)

Планирате да купите нешто големо? Денес консултирајте се со експерт за вашите финансии, особено ако одлучите да позајмувате пари.

Отворете го умот кога некој ви споделува идеја и не се ограничувајте само на вашите замисли. Ако добро размислите, можеби ќе сфатите дека не може секогаш да биде по ваше. Несебичноста ќе ви направи услуга на долг рок.

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)

Внесете забава во вашата врска. Денес изберете активности со вашиот партнер кои може да го разбудат детето во вас. Танцувајте во дневната соба, играјте друштвена игра или одржете мал натпревар.

Ако сте соло, ќе ве привлекуваат позитивни личности со добра смисла за хумор. Ќе сакате да имате покрај себе некој кој умее да ве насмее.

РАК (21. VI – 22. VII)

Лошото планирање може да доведе до парични загуби денес. Кога ја создавате вашата стратегија, морате да внимавате на деталите кои можеби на почетокот ви делуваат незначајно. Бидете темелни во работењето и сведете го ризикот на минимум.

Ако пандемијата ве оддели од личност со која сте крвно поврзани, сега ќе почувствувате дека вашите односи се нормализираат. Тоа ќе ве усреќува.

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)

Ова е ден во кој лавовите тешко ќе напредуваат. Веројатно ќе ви се чини дека тапкате во едно место и дека не можете да завршите ништо од она што веќе сте го започнале.

Бидете нежни кон себе. Ако гледате дека ова не е ваш ден за успеси, почекајте да дојдат вашите „5 минути“. Форсирањето нема да ви помогне, може само да ве фрустрира.

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)

Денес ќе ве иритира нечие тврдоглаво однесување и ќе давате сè од себе за да му укажете што треба да промени кај себе. Веројатно ќе сфатите дека не можете да промените личност која не сака да се промени. Не го сфаќајте тоа како личен неуспех.

Одложете ги на неколку дена љубовните одлуки. Не сте подготвени да го кажете пресудниот збор.

ВАГА (23. IX – 22. X)

Денес ќе преферирате да слушате, но не и да споделувате информации за себе. Ќе се изненадите кога некој ќе ви каже дека таинственоста ве прави привлечни во туѓите очи. Ќе заведувате дури и кога воопшто не се трудите.

Прифатете ја поканата за вечерно излегување. Ви претстои прекрасна вечер.

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)

Тренинзите денес нема да ви ја намалуваат енергијата, туку ќе ви ја зголемуваат. Започнете го денот со кардио вежби и гледајте како ги остварувате сите зацртани цели. Физичката активност ќе ве прави попродуктивни.

Излезете од вашиот вообичаен распоред на функционирање. Одете во спа, посетете ја омилената продавница или прифатете покана за љубовен состанок.

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)

Некој не ви го покажува вистинското лице, но дали можете да забележите кој? Денес внимавајте на кого му се доверувате и држете дистанца од луѓето кои ве повредиле во минатото. Вашето срце е ранливо, заштитете го.

Ќе наоѓате убавина во здодевноста на крајот од денот. Веројатно ќе ви годи да се излежувате без да правите буквално ништо.

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)

Некој ќе ви помогне да го видите светот од поинаква перспектива. Одеднаш ќе пронаоѓате можности кои никогаш досега не сте ги забележале. Ќе сфатите дека единствените ограничувања пред вас си ги поставувавте вие самите.

Кажете им „Да“ на сите шанси да пробате нешто ново. Откријте што е она што најмногу ве усреќува

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)

Денес ќе ги надминете колегите со вашите знаења, таленти и способности. Не се чувствувајте виновно за тоа што ги следите вашите амбиции и имате високи цели. Не можат сите да го следат вашето темпо на работа.

Водолиите кои не се среќни со она што го работат, веројатно ќе започнат да размислуваат за промени во професијата. Излезете од вашата удобна зона

РИБИ (19. II – 20. III)

Денес ќе погледнете на светлата страна на животот и глетката ќе ви се допадне. Конечно ќе научите да ги цените убавите нешта кои ги имате околу себе и да ги броите вашите благослови. Луѓето кои сакаат да ја уништат вашата позитивност, не треба да имаат место покрај вас.

Избегнувајте да им давате заеми на вашите пријатели. Можно е да не ви бидат вратени.