ОВЕН (21. III – 19. IV)
Запомнете, успешните луѓе не се успешни затоа што работат сами, туку затоа што имаат квалитетен тим зад себе. Денес зголемете ги соработките со талентирани личности кои ги споделуваат истите ставови. Заедно ќе бидете посилни.

Нема да бидете заинтересирани за промени во изгледот иако некој ќе ве убедува да ги направите. Верувајте ѝ на вашата интуиција.

БИК (20. IV – 20. V)
Можеби досега тајните кои ги чувавте не ви создаваа немир, но денешниот ден ќе биде поинаков. Денес она што го криете во вас ќе ви тежи на грбот и ќе ве влече надолу. Потребно е да разговарате со некој на кого му верувате.

Биковите кои кријат омраза во нивната душа ќе пронајдат прошка во себе. Оние кои ве повредиле повеќе нема да можат да го прават тоа, бидејќи ќе ги држите далеку од себе.

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Бидете дипломат, а не тиран. Денес не се обидувајте да ги постигнете вашите цели со сила, туку со трпеливост, добра комуникација и посветеност. Многу врати ќе се отворат пред вас ако научите да ги контролирате вашите емоции.

Внимателно менаџирајте со вашиот буџет. Не правете трошоци кои може да бидат избегнати.

РАК (21. VI – 22. VII)
Прашање кое постојано ви се повторува во животот треба да биде решено. Денес фокусирајте се на нештата кои ви го нарушуваат внатрешниот мир и не ви даваат мирен сон. Ќе умеете да ги видите од нова перспектива и да го пронајдете вашиот одговор.

Не заборавајте да слушате кога ви зборуваат вашите сакани. И самите знаете дека тие ви го посакуваат само најдоброто.

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Денес ќе бидете како вредна пчела која ита од цвет на цвет, посветено вршејќи ги своите задачи. Телефонските повици и мејловите ќе ви одземаат голем дел од енергијата, па дури и ќе ви создаваат нервоза.

Не заборавајте да се грижите за себе во овој зафатен ден. Јадете здрав ручек, пијте доволно вода и правете одмор од екраните.

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Ќе се разбудите без некакви големи планови, но наскоро сè ќе се промени. Денес ќе добиете понуда која нема да можете да ја одбиете, а која има потенцијал да го прослави вашето име во вашата област на работење.

Внимателно градете ги вашите навики. Стремете се кон обезбедување максимална енергија.

ВАГА (23. IX – 22. X)
Ако се грижите за вашето семејство, не значи дека му помагате. Денес земете ги нештата во свои раце и започнете да наоѓате решенија за вашите најмили. Делата зборуваат погласно од зборовите.

Вашата мисија нека биде со искрени намери. Луѓето можат да намирисаат кога некој крие нешто од нив.

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Расправиите брзо може да преминат во „војна“ ако не го контролирате вашиот темперамент. Престанете да кажувате зборови кои не ги мислите, внимавајте на туѓите чувства. Ако во одреден момент чувствувате дека излегувате од такт, повлечете се и дишете длабоко.

Екстремно лесно ќе се адаптирате на нови друштва, но не им се доверувајте пребрзо. Не ви се сите пријатели.

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Денес ќе ви недостига парче од вашата сложувалка за да добиете јасна претстава што се случува околу вас. Ова не е поволен ден за носење сериозни одлуки кои може да влијаат на вашата иднина. Почекајте додека да ги најдете сите информации.

Ќе ги обновите мостовите меѓу вас и другите личности срушени од пандемијата. Полека, социјалниот живот ќе ви се раздвижува.

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Нема потреба да го анализирате секој детаљ кога некој нов додворувач ќе ви каже дека му се допаѓате. Едноставно, потонете во моментот и препуштете му се на вашето срце. Следете ги неговите инструкции и нема да жалите.

Веќе имате партнер? Некои прашања поврзани со заедничкиот живот чекаат да бидат решени. Земете ги нештата во свои раце.

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Престанете да се грижите за материјалните нешта денес и свртете се кон она што е навистина важно – луѓето. Денес клучот е во комуникацијата. Јавете им се на најдобрите пријатели, излезете се вашата сестра, одете на прошетка со вашиот татко…

Бидете креативни во односите со другите. Изненадете ги сите со вашата уникатност.

РИБИ (19. II – 20. III)
Денес ќе бидете лицето на забавата и каде што ќе бидете вие, таму ќе одекнува смеа. Луѓето ќе ве обожаваат, а и вие нив. Ви претстои незаборавен ден кој ќе ве потсети на некои убави времиња од минатото.

Можно е да се сретнете со стари пријатели кои одамна не сте ги виделе. Емоциите ќе растат во вас, но морате да ги контролирате.