ОВЕН (21. III – 19. IV)
Поместете ги вашите граници нагоре. Денес ќе откриете дека поседувате многу поголема внатрешна сила отколку што си мислите и ќе си отворите врати кои сте ги сметале за затворени. Размислувајте надвор од кутијата.
Откако ќе видите што сè е возможно за вас, ќе стекнете и многу поголема самодоверба. Ви претстојат авантури на секое поле од животот.
БИК (20. IV – 20. V)
Планетите ќе го разбудат визионерот во вас, подарувајќи ви идеи кои ретко некој може да ги разбере. Не се изненадувајте ако луѓето ве гледаат зачудено додека им ги кажувате вашите замисли. Тие не можат да го видат светот на ваш начин.
Некои бикови ќе започнат да се борат за правата на личности кои не можат да се борат за себе. Ова е период за правење добри дела.
БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Дали жалите по љубов која сте дозволиле да се оддалечи од вас? Денес морате да раскрстите со минатото за да започнете да ја градите иднината. Зарем не гледате дека не можете да живеете во спомените?
Не верувајте во празни ветувања кои е мала веројатноста да се исполнат. Започнете да се потпирате само на сериозни личности.
РАК (21. VI – 22. VII)
Можеби ќе ви изгледа забавно да се „коцкате“ денес, но ова не е ден за преземање непотребни ризици. Играјте на сигурно и движете се кон успехот полека, но сигурно.
Со пријателите ќе бидете внимателни и нежни, особено ако тие минуваат низ чувствителен период. Нови личности ќе посакаат да бидат во вашето друштво.
ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Денес ќе научите и како да заработувате повеќе пари, но и како да ги штедите. Во вашиот живот ќе се појави личност која ќе ви предаде скапоцени лекции и финансиски совети, кои нема да жалите ако ги следите.
Некои лавови ќе купат или ќе продадат недвижен имот.
ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Доволно работевте, време е да им се посветите на вашите најмили. Денес вашите приоритети ќе се променат и на прво место ќе се искачи вашето семејство. Ќе сакате да создадете специјална празнична атмосфера во домот, па направете го тоа заедно со најмилите.
Бидете смели кога се во прашање вашите романтични чувства. Па што ако први кажете „Те сакам“?
ВАГА (23. IX – 22. X)
Дестинација: Небото! Денес нема да постојат невозможни мисии за вас и ќе остварите сè што сте си замислиле. Следете ги вашите најголеми амбиции и не потклекнувајте пред притисоците.
Мразот околу вашето срце полека, полека се топи, а вие повторно се отворате за љубов. Стравот да не бидете повредени ќе започне да исчезнува.
ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
„Можеби“ не значи „Да“, имајте го тоа на ум денес. Денес некој ќе ви даде несигурно ветување кое многу ќе ви значи. Сепак, можно е на крајот да се разочарате ако премногу слепо им верувате на туѓите зборови.
Не сте подготвени за споделување на вашите тајни со партнерот. Почекајте, вашите пет минути ќе дојдат.
СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Плачевте многу оваа година? Оставете ги солзите зад себе! Денешниот ден ќе ви најави дека за вас доаѓаат посреќни времиња. Ви претстои случка која ќе ви го засили оптимизмот и ќе ви ја осветли иднината.
Заблагодарете им се на луѓето кои ви помогнаа да стигнете онаму каде што сте. Покажете дека ги цените нивните гестови.
ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Денес ќе дозволите луѓето да видат дека зад вашата цврста надворешност се крие една нежна душа. Тоа ќе им биде знак дека треба повеќе да внимаваат да не ги повредат вашите чувства. Ви претстојат моменти на нежност и сочувство.
Слаткоречивоста на некоја личност не е искрена. Внимавајте на кого му се доверувате.
ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Ако во изминатиот период бевте жртва на лажни вести и дезинформации, сега одлично ќе проценувате што е вистина, а што лага. Вклучете ја вашата интуиција и таа ќе ви го покаже вистинскиот правец. Не ги оправдувајте лошите постапки на луѓето кои ги сакате.
Можеби ќе се чувствувате како „мајката“ во вашето друштво. Ќе се грижите за сите и ќе давате сè од себе за да ги заштитите.
РИБИ (19. II – 20. III)
Врзете го појасот! Денешниот ден ќе ве одведе на лудо возење низ нестабилни терени и ризични потфати, но резултатот ќе ве одушеви. Среќата ќе биде на страната на најхрабрите риби.
Иако ги обожавате отворените и искрени разговори, веројатно ќе треба да ја заобиколите вистината во име на доброто пријателство.