ОВЕН (21. III – 19. IV)
Вашата самодоверба денес ќе предизвика завист кај несамоуверена личност која многу ви значи. Наместо да дозволите тоа да ве вознемири, најдете начин како да ѝ ја зголемите самопочитта. Дајте ѝ комплимент и охрабрете ја.
Секој од нас има моќ да биде промената која сака да ја види околу себе. Дајте свој придонес за светот да стане подобро место за живеење.
БИК (20. IV – 20. V)
Денес најголемото задоволство ќе го чувствувате кога вашиот тим победува. Заборавете на индивидуалните проекти и придружете им се на колегите во групните активности. Најубавите идеи ќе ги имате кога сте опкружени со мотивирани личности, како вас.
Грижата за себе нека ви биде приоритет на крајот од денот. Фокусирајте се на вашите потреби.
БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Подготвени сте да ја кажете вистината и да се ослободите од товарот кој го носите на вашиот грб. Денес ќе го кажувате она што го мислите без да газите на гордоста на вашите соговорници. Гласот ќе ви биде сладок, па никој нема да може да ви се налути.
Однесувајте се со луѓето со почит без разлика каква порака им испраќате.
РАК (21. VI – 22. VII)
Денес ќе ви се чини дека светот се движи пребрзо и дека сите се премногу зафатени за да можат да го забележат она што е навистина важно. Веројатно ќе се чувствувате неислушано и неразбрано, па ќе копнеете по промени.
Започнете ги од вас. Покажете му на светот дека вреди да се застане за да се ужива во насмевката на блиските, во успесите, во моментите со пријателите…
ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Навлезете во корените на проблемите и откорнете ги за тие да не можат повеќе да ве вознемируваат. Денес животот ќе ви обнови проблем кој сте го сметале за решен, но не за да ве вознемири, туку за да ве научи на важна лекција дека не треба да оставате ништо незавршено.
Можно е да имате потреба од поискусна личност за да се справите со пречките на вашиот пат. Сè е добро кога добро ќе се заврши, зарем не?
ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Успехот е запишан во ѕвездите за вас. Денес ќе постигнете цел за која многумина ве убедувале дека е невозможна за постигнување. На сите ќе им докажете дека поседувате одлични способности.
Ваш талент ќе започне да ви носи пари и ќе се запрашате зошто досега не сте го искористиле.
ВАГА (23. IX – 22. X)
Ваш пријател денес ќе ви ги отвори очите и ќе ви покаже нови можности за зголемување на вашата заработка. Да, ќе треба да го жртвувате вашето слободно време за да си ја зголемите финансиската стабилност, но ќе го направите тоа со насмевка.
Бидете искрени во љубовта. Не правете нешто што може да ги повреди чувствата на вашиот сакан.
ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Престанете да зборувате за вашите идеи и едноставно започнете да ги реализирате. Првиот чекор е најтежок, но планетите ќе ви подарат решителност да го направите. Ќе чувствувате дека сте на правилната патека.
Ова е одличен ден за да поработите на односите со членовите од вашето семејство. Ако во изминатиот период се соочувавте со конфликти во домот, сега ќе го изберете мирот.
СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Ќе умеете да ја видите светлата страна во секоја ситуација, но морате да бидете внимателни да не пропуштите важни детали. Денес дозволете другите да ви кажат што мислат и да ве советуваат. Веројатно тие гледаат нешто што вие не можете да видите.
Дали сè уште држите лутина за нешто што се случило одамна? Ослободете се од негативните чувства и престанете да си ја труете душата.
ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Планетите ќе ви помогнат да ги излекувате вашите стари љубовни рани и да го отворите срцето за нова љубов. Ќе се чувствувате подготвени да започнете нова љубовна врска и да му дадете шанса на ваш додворувач.
Веќе сте го пронашле вистинскиот? Под денешното небо ќе имате момент на задлабочување на врската.
ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Денес ќе слушнете неочекувано добри вести поврзани со пари. Веројатно вашите финансиски проблеми ќе започнат да исчезнуваат, а вие ќе дишете со олеснување. Конечно ќе можете да се релаксирате и да си дозволите да си купите нешто што одамна го посакувавте.
Можно е да почувствувате изместување на балансот меѓу професионалниот и личниот живот.
РИБИ (19. II – 20. III)
Целиот тој труд што го вложувавте во изминатиот период не е залуден. Денес ќе ги видите резултатите од напорната работа и уште повеќе ќе се мотивирате да се стремите кон нови височини. Некои риби ќе стигнат до работното место од соништата.
Посветете им поголемо внимание на сигналите кои ви ги испраќа вашето тело. Ако ви се спие, легнете си. Ако имате болка, консултирајте се со стручно лице.