ОВЕН (21. III – 19. IV)
Би заминале ли спонтано далеку од дома за да ја прославите новата година? Зошто да не? Денес Месечината ќе патува во вашата 9-та куќа на спонтаноста и далечните дестинации, будејќи го авантуристот во вас. Ќе бидете полни со живот и сите ќе ве обожаваат.
Додека извикувате „Среќна Нова година“ оптимистички ќе си замислувате многу подобра 2022 година. Покажете дека со нетрпение ја очекувате.
БИК (20. IV – 20. V)
Веќе планирате интимен дочек на новата 2022 година? Денес Месечината ќе патува во вашата 8-ма куќа на тајните и приватноста, па нема да сакате да славите на гласни места со многу луѓе.
Тоа не значи дека нема да изгледате секси, напротив, ќе умеете да ја истакнете вашата привлечност, па не заборавајте да објавите фотографија на социјалните мрежи.
БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Која е вашата омилена личност? Со неа бидете за дочекот на новата 2022 година. Денес Месечината ќе престојува во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и обврзувањето, насочувајќи го вашето внимание кој врските кои најмногу ви значат.
Некои близнаци токму денес ќе ја запознаат нивната сродна душа. Ако сте веќе во врска, фрлете му се на партнерот во прегратка и посакајте му „Среќна Нова година“.
РАК (21. VI – 22. VII)
Не заборавајте да си посакате себе и на луѓето околу себе добро здравје и подобри навики во новата 2022 година. Денес Месечината ќе престојува во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот, поттикнувајќи ве да ги негувате добрите рутини и за време на празниците.
Нема шанси да доцните за вечерното излегување. Максимално организирани и педантни ќе влезете во новата година.
ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Чија фотографија ќе биде најлајкувана оваа Нова година? Се разбира дека вашата! Денес Месечината ќе престојува во вашата 5-та куќа на популарноста, правејќи ве ѕвезда и на социјалните мрежи и во реалноста.
Не се изненадувајте ако некој ви каже дека ве сака пред да се склопат стрелките на часовникот. Имате многу обожаватели.
ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Никаде како дома… Денес Месечината ќе патува во вашиот сектор на домот и семејството, па ниту едно место на светот нема да ви делува толку совршено за новогодишна прослава како вашето живеалиште.
Не се плашете да ја преземете организаторската улога и да ги поканите пријателите во вашиот дом. Ќе умеете да создадете топла и пријатна атмосфера.
ВАГА (23. IX – 22. X)
Гласно викнете „Среќна Нова година“ за сите да ве слушнат. Денес Месечината ќе патува во вашата 3-та куќа на комуникацијата, правејќи го вашиот глас моќен и впечатлив. Ќе бидете ѕвезда на вечерва и многумина ќе посакаат да ве запознаат.
Мудро избирајте го вашето друштво. Колку повесели се луѓето околу вас, толку повесели ќе бидете и вие.
ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Облечете ги високите потпетици, нацрвете ги усните и освојте го светот! Денес Месечината ќе патува во вашата 2-ра куќа на сензуалноста и самодовербата, охрабрувајќи ве да ја истакнете вашата убавина.
Многумина нема да можат да ве препознаат, па не им замерувајте ако не ви посакаат „Среќна Нова година“. Ако сте соло, 2022 година ќе ја дочекате со нов додворувач, а ако сте во врска, со страстен бакнеж со вашиот сакан.
СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Никогаш нема да можете да ја заборавите оваа Нова година. Месечината ќе го осветлува вашиот знак, а вие ќе имате моменти кои ќе ви го полнат срцето. Вашиот стил ќе привлекува огромно внимание, уживајте во него.
Ако сте сингл, на полноќ ќе наздравите за „Среќна Нова година“ со нов додворувач. Ако сте во врска, партнерот нема да може да го оттргне погледот од вас.
ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Збогум 2021 година, збогум лоши мисли, збогум тага! Денес Месечината ќе патува во вашата 12-та куќа на лекувањето и завршетоците, помагајќи ви да оставите зад себе сè што не ве усреќува и да свртите нова страница.
Ставете се себеси на прво место. За да ги сакате другите, морате прво да се засакате себеси.
ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Денес Месечината ќе патува во вашиот друштвен сектор, па колку повеќе пријатели ќе имате околу вас, толку поширока ќе биде вашата насмевка. Организирајте голем пријателски собир и забавувајте се.
Одбројувањето до полноќ никогаш не ви било повозбудливо отколку што ќе ви биде вечерва. Живејте го животот лудо и гласно. Не заборавајте да напишете објава за „Среќна Нова година“ на социјалните мрежи.
РИБИ (19. II – 20. III)
Додека сите безгрижно се подготвуваат за најлудата вечер во годината, вие амбициозно ќе сонувате за иднината, поставувајќи си превисоки цели за 2022. Месечината ќе патува во вашата 10-та куќа на успесите, правејќи ве неверојатно посветени на вашите соништа.
Нема да згрешите ако облечете некој од вашите моќни деловни костуми и го искомбинирате на уникатен начин. Покажете стил.